pic-vraboteni-violeta-krsteska.jpg

д-р Крстеска Виолета - виш научен соработник

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Презиме и име: Крстеска Виолета
Датум и место на раѓање: 07.08.1955, Прилеп
Држава: Р. Македонија
Адреса и телефон: ул.Никола Вапцаров, 17а,
Тел. раб. : ++  389 ( 0) 48 412 715
Моб.: ++ 389 ( 0) 77 606 978

Образование:
Универзитет"Св.Кирил и Методиј"-Скопје, Филолошки факултет, дипломиран филолог по македонистика, 1980година.
Универзитет"Св.Кирил и Методиј"-Скопје, Филолошки факултет, магистер по филолошки науки (македонистика), 1996 година; Назив на тема:Трескавечки грамоти-лингвистичка анализа
Универзитет"Св.Кирил и Методиј"-Скопје, Филолошки факултет , доктор по филолошки науки (македонистика), 2005 година; Назив на тема: Зборникот на БАН-Софија,бр.87(во корелација со други македонски текстови, пишувани со грчки алфабет)

Вработување:
Назив на институција: Институт за старословенска култура-Прилеп, од 1980 па наваму.
Внатрешна организациона единица: Одделение за лингвистика
Движење во службата на Институтот за старословенска култура-Прилеп
Помлад асистент 1992 - 1996 година
Асистент-истражувач 1996 - 2005 година
Научен соработник 2005 - 2009година
Виш научен соработник 2009 година

Членство во:
Член во Комисијата за меѓународна соработка  при Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола
Член на Советот на ИСК-Прилеп

Научноистражувачки идентитет:
Научно поле: Хуманистички науки
Научно подрачје: Наука за јазикот (лингвистика)
Научна област: Македонистика
Потесна специјалност:Историја на македонскиот јазик

Учество во научноистражувачки проекти:
Како асистент-истражувач

  • Етногенеза на Јужните Словени со посебен акцент на етногенезта на македонскиот народ, 1989-1992г., раководители д-р Б. Бабиќ, д-р Л. Славева.
  • Карактеристики и специфичности на културата на Македонските Словени од доселувањето до крајот на 14 век во светлината на археолошката документација, 1990-1992 г., раководител д-р Б.Бабиќ.
  • Книжевно, културно-историско богатство на Македонија, 1992-2004 г., гл. истражувач д-р Михајло Георгиевски.
  • Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот од 11 до крајот на 14 век, 2003-2004 г., гл. истражувач д-р Соња Зоговиќ.

Како научен соработник, главен истражувач на проект

  • Писмени споменици за средновековната култура на Македонија, 2004-2006 г.,
    Како виш научен соработник, главен истражувач
  • Ракописни и старопечатени книги во Прилеп и Прилепско, во периодот од кр. на 14 и поч. на 19 век, 1.1.2009-31.12.2009г. Проектот е одобрен од Министерството за култура
  • Кониковско евангелие, 2006-2007г., гл. истражувачи проф.д-р Јоуко Линдстед, проф.д-р Људмил Спасов; меѓународен , македонско-фински проект.

Позначајни објавени трудови:
научни монографии
2008 Зборникот од поученија, македонски ракопис со грчко писмо, Институт за старословенска култура, Прилеп.
2008 The Konikovo Gospel /Kониковско евангелие/ Bibl.Patr.Alex.268, Editors: Jouko Lindstedt, Ljudmil Spasov, Juhani Nuorluoto, Sosietas Scientiarum Fennica/ The Finnish Society of Sciences and Letters/, Tammisaari/Ekenäs 2008 // В.Крстеска со група автори: М.Аргировски, А.Ј.-Улчар, Љ.Спасов, М.Ч.Алексиќ, Дијалектна транскрипција на македонскиот текст, 179-235.  
2009 Трескавечки грамоти, лингвистичка анализа, Прилеп: Зомес (во печат).
2009 Поучителен зборник, лексичка и текстолошка анализа /дополнително издание/, (во припрема за печат).

Научни трудови
2009   Заемните односи на украинската и македонската култура, посебно во ракописното наследство, Ukraïnswko-Makedonswkij naukovij zbırnik, vipusk 3/ Украјинско-Македонски научен зборник, број 3, Nacıonalwna akademı& nauk Ukraïni i Makedonswka akademı& nauk I mistectv / Национална академија на науките на Украјина и Македонската академија на науките и уметностите, Kiïv (Прилози од Меѓународната конференција за македонско-украинските врски, одржана во Крушево 2007 g.), 1-17.       
2009 Лексичко позајмување или промена на кодот на македонскиот иселенички јазик, Македонски фолклор, (Прилози од Меѓународниот симпозиум за балкански фолклор одржан на 6 - 10 октомври, Охрид 2008), Институт за фолклор, Скопје (во печат);
2007 Македонските текстови со грчко писмо, со посебен осврт на Зборникот од поученија, Balcanoslavica 34, ИСК-Прилеп, 1-19 (во печат).
2000 Историска читанка, македонски јазик, охридски говор од II половина на XIX век (расчитување и јазична анализа со одредување на дијалектот на текст од 171 страница) // М. Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн.VII-VIII, ИСК-Прилеп/НУБ „Св. Климент Охридски” -Скопје, 86-87.
1997 За претпоставките околу можноста св. Наум Охридски како можен автор на трактатот „О писменех”, Развиток 1-2, Битола, 47-55.
1996   Лидија Славева-Владимир Мошин, Српски грамоти од Душаново време, ИСК-Прилеп 1988, Balcanoslavica 13-15, Прилеп, 121-123 (приказ).
1996 Михајло Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн.V-VI, ИСК-Прилеп/НУБ „Св.Климент Охридски” -Скопје 1993, Balcanoslavica 13-15, Прилеп, 153-154 (приказ).

Трудови во ракопис:
1. Речник на странски зборови и изрази во македонскиот јазик од Јанаки Стрезов, втора половина на XIX век, ракопис со курзивно писмо (расчитал м-р В.Крстеска);
2. Лекарственик на Ангел Георгиевич од село Пиперово, Струмичко, крај на XIX век, ракопис со полуунцијално писмо (расчитал м-р В. Крстеска);
3. Лекарственик, македонски јазик, галички дијалект, од крајот на XIX век, ракопис со немарен полуустав (расчитал и лингвистички обработил м-р В. Крстеска);
4. Лекарственик по потекло од с.Лазарополе, втора половина на XIX век, ракопис со ситен полуустав (расчитал м-р В. Крстеска);
5. Зборник на народни лекови, од крајот на XIX век, ракопис со писмо од печатен тип (расчитал м-р В.Крстеска);
6. Лекарственик од почетокот на XIX век, ракописот е пишуван со тешко читлив брзопис, од невешта рака (расчитал и лингвистчки обработил м-р В. Крстеска);
7. Рецепти за правење на лекови, собрани и напишани од свештеникот Јоанаки, од 1884 г., ракопис со курзивно и полууставно писмо (расчитал м-р В. Крстеска);