pic-naslovna.jpg

д-р Јелена Светиева - виш научен соработник

  1. Јелена Светиева, родена на 7 11. 1948 година во Скопје.
  2. Дипломирала во 1979 година на Филозофски Факултет во Скопје на група: Историја на уметност и археологија.
    Постдипломските студии ги запишува во 1985 198 одина , на филозофскиот факултет во Београд под менторство на др проф Миодраг Јовановиќ, ред. проф на катедрата за Историја на уметноста. Магистерската работа под наслов: Крушевските зографи иконопсци во 19 век  ја одбранува во 1991 година.
    Докторската дисертација со наслов: Македонските сликарски прирачници ерминии од 19 век . ја одбранува во 2001 год. на катедрата за Историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје.
  3. Проучување на историјата на уметноста од 19 век (во иконописот)а како посебен научен интерес е проучувањето на сликарските прирачници  ерминии од Македонија и Балканот и нивното место и улога во ликовното творештво.
  4. Во периодот од 1979 до 1982 година, како дипломиран историчар на уметноста работи на проектот: Сликарството во Македонија од доаѓањето на Словените па се до 20 век. Носител на проектот е катедрата за историја на уметноста при филозофскиот факултет во Скопје под менторство на др проф. Борис Петковски на сегментот за современата ликовна уметност во Македонија,а во склоп на подготовка за ликовната енциклопедија на Македонија.
    Проектот: Културното и ликовно наследство на Мариово, под раководство на проф. др Петар Миљковоќ со посебен преглед на сликарството од 19 век.
    Проектот:  Културно книжевно историско наследство на Македонија под раководство на др Михајло Георгиевски, сегментот за старословенските ракописи ( ерминии, сликарски прирачници од 19 век).
  5. Монографијата: Македонските сликарски прирачници во 19 век ( во печат)
  6. Во перодот од 1979 до 1982, пишува за часописот Разгледи, списание од областа на културата и икултурните движења . Во тој контекст објавени се повеќе ликовни критики, осврти  и статии за современата уметност во Македонија.
    Објавени се статии од областа на ликовната уметност од периодот од 1985 – 1990 год.
    Зборникот за ликовна уметност од Конграсот на историчарите на уметност на СФРЈ одржан во Сараево 1985 год. под наслов :Левантинскиот барок и неговите влијанија во живописот и иконописот на територја на Македонија во 19 век.
    Зборникот за сликарството на Драча –Србија, статијата за: Фреската на Седмочислениците од цр. св. Никола во Драча и нејзината паралела со истоимената композиција од цр. во манастирот св. Наум во Охрид.
    Зборник на Матица српска за ликовната уметност бр 26 од 1990 година  и статијата: Кручевски зографи- иконописсци и нивното место во уметноста на Македонија во 19 век.
    Во часописот Балканославика бр. 19 од 1995 година , објавена е статијата : Ново прилози за ктиторските портрети од цр. во Мариово.
    Во часописот Патримониум 3-4, 56, од 20о8- 2009 година, 0бјавена е статијата: Светителските култови во македонските ерминии од 19 век и нивната концепираност според бакрорезните предлошки од Стематографијата на Христофор Жефарович.
  7. Балканолошки конгрес во Белград 1984 година.
    Конгрес на Историчарите на уметноста во Сараево 1985 година.
    Симпозиум за сликарството на манастир Драча, Србија 1986 година.
    Симпозиум за Мариово и мариовско низ историјата, 1990 година во Прилеп
    Симпозиум за Балканот во цивилизацискит свет на европа, Скопје 2009.